Тим   06/07
  Анкета
Дали мислите, дека треба да има ТВ директни преноси од домашното фудбалско првенство?





 
23
јул

Елиминирани без пораз

Фудбалерите на Работнички се елиминирани од годинешните натпревари во Лигата на шампионите, иако не доживеаја пораз во двомечот со азербејџанскиот претставник Интер од Баку.

Во првиот натпревар во Баку, резултатот беше 0:0, а на реваншот во Скопје 1:1, па гостите благодарение на голот постигнат на Градски одат понатаму. Пред околу 4.000 гледачи, дојдени да го видат новиот состав на Работнички, резултатот го отвори Велкоски во 47 минута, а во 74 израмни Црвенка. Невоиграноста и неискуството си го земаа својот данок и Работнички остана без шанса да заигра во второто квалификациско коло, каде што победникот го чекаше белградски Партизан.

 
18
јул

Прес во понеделник напладне во Маракана

По ветувачкиот резултат (0:0) во Баку, во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Фудбалскиот клуб Работнички ги спроведува сите подготовки за успешен реванш во вторник на Градскиот стадион во Скопје (почеток во 17 часот). Во тие рамки е и редовната прес конференција, што е закажана за вторник 12 часот во ресторанот Маракана.

Пред новинарите ќе се појават претседателот на клубот Драган Поповски, шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски и капитенот Баже Илијоски.  

Инаку, реваншот со Интер ќе го судат израелски судии, предводени од Асаф Кенан, делегате Габриел Вајс од Словачка, а контролор на судењето Дитер Паули од Германија.

 

 
8
јул

Комплетиран списокот за Лигата на шампионите

Фудбалскиот клуб Работнички ја пријави екипата за учество во Лигата на шампионите. Списокот со 25 имиња е комплетиран и преку ФФМ е доставен до УЕФА. Наспроти проблемите со комплетирањето на листата на расположливи играчи, вчера работата се заврши на најдобриот можен начин во овој момент.

- Ги вложивме максималните напори за да ја завршиме работата како што му доликува на Работнички. Успеавме да го комплетираме списокот и на време да се пријавиме за учество во квалификациите на Лигата на шампионите. Најмалку што сакаме да се случи е она што деновиве низ фудбалските кулоари се шпекулираше, а тоа е Работнички да не учествува во најеминентното европско фудбалско клупско натпреварување, ни изјави првиот човек на клубот, Драган Поповски.

Според зборовите на Поповски, покрај договорите со Лукман, Муареми, Крстевски и останатите фудбалери, продолжена е верноста со Димитрија Лазаревски.

- Како што ни дозволуваат правилата, побаравме помош од Вардар, поточно баравме да ни позајмат двајца играчи за натпреварите од ЛШ. Се договоривме да го добиеме Кметовски да ни помогне во нашите настапи, а за Станишиќ не беа расположени да го ослободат со одговор дека имаат многу повредени фудбалери во одбраната и не сакаат да ризикуваат дополнително, објаснува Поповски.

Се прават напори списокот на фудбалери да се дополни со некој од фудбалерите кои минатата сезона играа за Вардар а сега имаат чисти документи.

 
1
јул

Во првото коло со Интер Баку

Прв противник на Работнички во годинешниот циклус натпревари во Лигата на шампионите е Интер од Баку од Азербејџан. Првиот натпревар се игра на 15 или 16 јули во Баку, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје. Ако ја мине оваа пречка од првото квалификациско коло, Работнички ќе игра со српскиот претставник Партизан од Белград. Во случај на победа со Интер, Работнички би бил домаќин на Партизан на 29/30 јули, а реваншот во Белград би бил на 5 или 6 август.

- Интер Баку не е многу позната екипа, но за нас тоа е тежок и неизвесен противник. Во принцип сите екипи од поранешниот Советски Сојуз негуваат тврд и незгоден фудбал и воопшто нема да биде лесно да се минат. Но, затоа ние ќе се обидеме да ги искористиме сите достапни информации од нашите фудбалски пријатели, за што подобро да се запознаеме со противникот и да ја минеме оваа пречка. Тие се голем предизвик за нас, но уште поголем предизвик би бил дуелот со Партизан во второто коло. Сите ние максимално сериозно ќе се подоготвиме бидејќи сакаме што поуспешно да се претставиме, бидејќи се работи не само за рејтингот на македонскиот фудбал туку и за Македонија како држава, изјави веднаш по ждрепката претседателот на Работнички Драган Поповски. 

 
4
јун

Беквалац си замина во Војводина

Досегашниот прв стратег на Работнички Кометал, Драгољуб Беквалац, од синоќа е тренер на српскиот прволигаш Војводина од Нови Сад. Иако за денеска беше најавено неговото доаѓање во Скопје на продолжување на верноста кон романтичарите, Беквалац ја смени одлуката и реши да се врати во клубот каде што веќе трипати досега беше прв тренер.

“Точно е дека Беквалац веќе не е тренер на Работнички Кометал“, ни ја потврди веста потпретседателот на клубот Коста Костовски. Изразувајќи задоволство од досегашната соработка со Беквалац, Костовски додаде дека на довчерашниот прв тренер му биле понудени подобри услови отколку во стариот договор, тие биле прифатени од српскиот стратег во првата фаза од преговорите, но дошло до негово премислување.

“Иако претходно ни најави дека денеска доаѓа во Скопје на ставање потпис на новиот договор, тој синоќа ни се јави дека ги менува клупските бои. Ние му посакуваме среќа во идната работа, а од наша страна, како и секој голем клуб, се вртиме кон нашата иднина, барајќи најдобро решение за упразнетото тренерско место“.

 

 

 

 
1
јун

Сезоната заокружена со двојна круна

Работнички Кометал и официјално ја завери својата трета титула првак на Македонија. Со победата во последното, 33 коло, над големиот ривал, екипата на Милано од Куманово со 3:1, романтичарите стигнаа први на целта и по третпат во својата историја станаа најдобри во Македонија. Ако се потсетиме дека само пред седум дена Работнички ја освои титулата и во купот на Македонија, тогаш не е потребна поголема потврда дека и годинава е најдобар македонски фудбалски клуб.

Со шампионската титула Работнички Кометал избори настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Во купот на УЕФА ќе играат Милано и Пелистер, а во Интертото Купот Вардар или Ренова. Лигата ја напуштаат Шкендија и Цементарница, а во разигрувањето за баражот следната недела ќе играат: Силекс-Беласица и Башкими-Миравци. Нови прволигаши се Турново и Металург.

 
27
мај

Договор за соработка со спонзорот на Бундес лигата

Шампионот секогаш оди во друштво со најдобрите. Оваа теза изречена неодамна на една прес конференција на Работнички Кометал доби нова потврда деновиве. Носителот на двојната круна сезонава во Македонија, екипата на Работнички Кометал, склучи договор за деловно соработка со реномираната германска компанија Декра.

Оваа компанија позната во светот како голем пријател на спортот, освен што го спонзорира шампионот на формула 1 Михаел Шумахер и целата Бундес лига, преку своето македонско претставништво сега се вклучува во списокот на пријатели на Работнички Кометал и во наредниов период ќе ја помага работата на клубот од Дебар Маало во рамките на своите можности.

 

 
24
мај

Двојната круна во Градски Парк

Работнички Кометал го совлада Милано со 2:0 и за првпат во својата богата историја се закити со пехарот наменет за освојувачот на Купот на Македонија. Финалето сосема заслужено му припадна на тимот од Градскиот Парк, бидејќи во текот на целиот натпревар Работнички беше подобар противник, ја имаше контролата на резултатот и со головите на капитенот Ндерим Неџипи  во 27 и 43 минута славеше. Големиот пехар наменет за победникот, претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи Ристески му го врачи на капитенот Неџипи, а потоа почна заслуженото славје на победниците заедно со своите навивачи.

До историската победа, која истовремено ја потврди комплетната доминација на романтичарите во македонскиот фудбал, откако одамна ја обезбедија и титулата во Првата лига, стигнаа следниве фудбалери: Пачовски, Михајловиќ, Неџипи (Милисавлевиќ), Јанчевски (Велкоски), Масев (Глигоров), Демири, Лазаревски, Лукмон, Ковачевиќ, Станишиќ, Пејчиќ.

 
18
мај

Вардар плиток за шампионот

Во натпревар од 32 коло на Првата лига Работнички го совлада Вардар со 2:1. Натпреварот кој некогаш беше дерби, овојпат го немаше својот сјај поради кризата во која се наоѓа Вардар кој овојпат настапи со речиси комплетно подмладен состав и не претставуваше посериозен противник за забревтаните романтичари, кои пак сакаат да го завршат првенството во голем стил.

Стрелци на головите беа Бајевски од пенал во 69 минута за Вардар и Јовановиќ на двапати, во 49 и 81 минута, за Работнички Кометал.

 

 
12
мај

Мрежите мируваа со битолчани

Натпреварот од 31 коло на Првата лига меѓу Работнички Кометал и битолски Пелистер, одигран на Градскиот стадион во Скопје, заврши без голови. На тој начин “романтичарите“ мирно го привршуваат првенството 2007/08 со сигурна игра која им овозможува задржување на убедливата предност на табелата од десет бодови пред најблискиот конкурент Милано од Куманово.

Во следното, 32 коло, се игра натпреварот меѓу Вардар и Работнички Кометал, кој некогаш беше дерби. Сега Вардар е четврти на табелата и со 47 бода далеку заостанува зад лидерот Работнички, кој има 73.

 

 

 

СЛЕДНО - 19 Коло
ШКЕНДИЈА 79  :  РАБОТНИЧИ К
  02 мар 2008
  18 Коло - 16 дек 2007
РАБОТНИЧИ К   НАПРЕДОК
3  :  0
Инфо за натпреварот
Фотографии од натпреварот
 ТАБЕЛА
Работничи Кометал 46
Милано 36
Вардар 30
Пелистер 28
Победа 28
Ренова 25
Македонија Ѓ.П. 24
Напредок 20
Силекс 19
Шкендија 79 16
Цементарница 13
Башкими 11
 
 
  (C) Copyright 2007 FC Rabotnicki Kometal, All rights reserved